Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, ги сумираше своите впечатоци по важниот триумф над Сан Антонио Спарс и дуелот со Виктор Вембањама . Денвер Нагетс ги победија Спарс со 136-134, а дуелот беше во центарот на вниманието поради Јокиќ и Вембањама.
Овој дуел за МВП трката беше обележан од двајца од најдобрите центри на денешницата, Јокиќ постигна 40 поени со 8 скока, 13 асистенции и 3, додека од друга страна, Вембањама имаше 34 поени, 18 скока, 7 асистенции, 5 блокади и само една изгубена топка.
„Ви кажав првиот пат кога игравме, тој ќе ја промени лигата, тој ќе ја промени кошарката. Сè уште мислам така. Тој има шанса да стане најуникатниот играч што некогаш играл“, рече Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

