Никола Јокиќ повторно беше првото име во Денвер, овој пат предводејќи го својот тим до триумф над Далас од 122-120 со трипл-дабл учинок, за него четврти во низа, односно шестти во сезоната.
Јокиќ важи за скромен и мирен човек, но и лидер на теренот, а лидерските способности повторно дојдоа до израз на средбата против Маверикс. Во последната четвртина овој пат го видовме во несекојдневно луто изнание, викајќи на соиграчите на тајм-аут и тоа во моментите кога неговиот тим стигна до водство од 113-108 на четири и пол минути до крајот.
Србинот имаше замерка за целиот тим, а особено за преплатената ѕвезда Мајкл Портер Џуниор. Советите на крајот и вродија со плод бидејќи Портер беше оној кој ги постигна клучните поени за својот тим реализирајќи на околку шест секунди до крајот.
Како изгледаше лутиот тајм-аут на Јокиќ може да погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА