Претседателот на српскиот олимписки комитет, Божидар Маљковиќ неодамна најави настап на Никола Јокиќ на престојните Летни олимписки игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз, но српскиот кошаркар од редовите на Денвер засега не ја потврдува информацијата.
Јокиќ беше запрашан од страна на српските медиуми за можниот настап, прашање на кое Србинот не даде потврден одговор изјавувајќи дека одлуката ќе биде донесена по крајот на сезоната во која тој и неговиот тим ја бранат НБА титулата.
„Има време за одлука. Некои луѓе ми ставаат зборови во уста, говорат дека нешто сум рекол, но добро. Прв кој ќе дознае ќе биде селекторот. Јас секогаш разговарам со семејството и тимот за големи одлуки по крај на сезоната. А, тоа е далеку“, изјави Јокиќ.
Србија избори учество на ЛОИ во Париз со успешен настап на Светското првенство кое оваа година се одржа во Индонезија, Филипини и Јапонија. „Орлите“ светскиот собир го завршија со сребрен медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

