Јокиќ задоволен: Денвер го продолжи договорот на Браун

Младата ѕвезда на Денвер, Кристијан Браун и во следните пет години ќе го носи дресот на Денвер со кој потпиша продолжување на соработката за 125 милиони долари.

Постоеше неизвесност дали кошаркарот кој беше одбран како 21. пик на драфтот во 2022 година ќе остане дел од франшизата од Колорадо, но на крајот преговорите беа успешни за големо задоволство на Никола Јокиќ кој Браун го смета за еден од најважните соиграчи.

Браун минатата сезона бележеше просек од 15.4 поени, 5.2 скокови и 2.6 асистенции.

Се вчитува...