Јокубаитис не се враќа во Литванија, има нова дестинација

Литванскиот бек Рокас Јокубаитис ова лето ќе ја промени средината. 24-годишникот заминува од Барселона, а најверојатно неговата следна дестинација ќе биде Макаби Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми.

Јокубаитис кој своевремено важеше за еден од најталентираните Литванци последните три години ги помина во каталонскиот евролигаш каде сепак не успеа да ги исполни очекувањата.

Постоеше можност тој да се врати и назад во Литванија каде претходно настапуваше за Жалгирис, но во моментот опцијата за премин во Макаби кој му нуди тригодишен договор е далеку поверојатна.

Се вчитува...