Јонас Вињегорд ќе вози на Тур де Франс

Двократниот победник на Тур дe Франс, Јонас Вињегорд ќе ја брани титулата на најголемата трка во светот.

Данецот доживеа страшен пад на Трката околу Баскија на почетокот на април. Тој ја скрши клучната коска и неколку ребра.

„Изминатите месеци не беа лесни, но благодарен сум на моето семејство и на тимот на Џамбо Висма за безрезервната поддршка“, изјави Вињегорд.

Вињегорд ќе беше прв фаворит на Тур де Франс доколку не го доживеаше споменатиот пех, а таа улога сега му припаѓа на Словенецот Тадеј Погачар.

Се вчитува...