Јончевски: Чесен пораз, МЗТ е апсолутен фаворит за трофејот во Купот

Кошаркарите на Кожув не успеаја да дојдат до изненадување против големиот фаворит МЗТ Скопје во првото четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Тренерот на гевгеличани и македонски селектор, Александар Јончевски по мечот потенцираше дека МЗТ е апсолутен фаворит за освојување на трофејот а неговата екипа пружила отпор колку што се може за чесен пораз.

„На крај може да сумираме еден чесен пораз. Свесни сме дека МЗТ е голем фаворит, има проект за АБА лига, и е апсолутен фаворит и пред сите други екипи за освојување на трофејот во Купот. Верувам дека нема да дозволат како минатата година да им биде ‘украден’ трофејот. Јас сум задоволен од одредени делови во нашата игра, но мора да корегираме од друга страна други протести за продолжението од првенството“ – истакна Јончевски по мечот.

 

Се вчитува...