Јончевски го соопшти списокот за мечевите со Естонија и Полска: Се враќа Димитријевиќ, но без Ти-Џеј Шортс

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, го објави скратениот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“,  прв од квалификациите за Евробаскет 2025.

За овој февруарски собир се враќа и Ненад Димитријевиќ од руски Уникс, кој ги пропушти последните неколку репрезентативни собири, а на списокот е и нашиот нов Американец, Итан Хап од шпанска Гран Канарија. Но, за мечевите против Естонија и против Полска три дена ќе го немаме најзаслужниот што го минавме претквалификацискиот циклус, Ти-Џеј Шортс.

Покрај Димитријевиќ и Хап, во комбинација за пресметката против Естонците се уште двајца „странци“, Адем Мекиќ од хрватски Задар и Лејсон Зеќири од косовскиот тим Башкими.

Првиот тренинг е закажан за 19.февруари.2024 (понеделник) со почеток во 18 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Натпреварот против Естонија го играме на 23. февруари на домашен терен, и ќе биде можеби и најважниот за враќање на европска сцена и пласман на првото ЕП по пауза од десет години. На селекцијата на Полска гостуваме на 26. февруари.

СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – Пелистер

Андреј Маслинко – Пелистер

Амар Хот – Пелистер

Стојан Ѓуроски – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија

Адем Мекиќ – Задар, Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија

СЕЛЕКТОР: Александар Јончевски

Се вчитува...