Јорданчо Давитков од денеска и официјално е нов селектор на Македонија, а друштво на повратникот на клупата на националниот тим ќе му прават двајца млади стратези, Александар Јончевски и Љупчо Малинков. При официјализањето на договорот на Малинков беше наведено дека во најскоро време ќе бидат објавени имињата на стручњаците кои ќе бидат дел од новиот стручњак штаб, но ЕКИПА дознава дека изборот на федерацијата, со кој се согласил и новиот селектор, паднал врз Јончевски и Малинков.
Станува збор за двајца стратези кои беа посочени од страна на претседателот Наумоски како опција за селектор, но откако конечниот избор падна врз Давитков сега тренерот на Фени и екс-кормиларот на МЗТ Скопје ќе бидат вклучени во стручниот штаб на сениорската репрезентација.
„Точно е дека разговаравме со Малинков и со Јончевски. Станува збор за двајца млади и амбициозни тренери кои сигурно ќе можат да помогнат во репрезентацијата. Сепак, нема да брзаме со официјализација додека не бидат договорени сите услови“ – изјави претседателот на МКФ, Петар Наумоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА