Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски и неговиот Шлонск стигнаа до третата победа во низа откако триумифраа и во 10. коло од полското првенство.
Овој пат на новиот клуб на македонскиот стратег застана Спојниа, а Шлонск славеше со 69-76 на гостувањето во Старгард.
Претходно Јончевски и Шлонск забележаа победи и над Чарни Шљупск и унгарски Фалко во ФИБА Лигата на шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА