Јончевски: Кога ќе промашите толку многу отворени шутеви…

Македонија не успеа да се пласира на Евробаскет 2025 откако шансите ги загубивме на едно коло до крајот, со вечерашниот убедлив пораз на гостувањето против Естонија.

Селекторот Алек Јончевски на прес-конференцијата изрази жалење што нашата национална селекција не го задржа темпото од првото полувреме во кое имавме еден поен предност, за на крајот да го загубиме овој натпревар со конечните „минус 19“.

„Во првото полувреме спроведовме се она што го работевме како подготовка за натпреварот, добро го затворивме рекетот, игравме добра одбрана и примивме само 38 поени. Не успеавме да го задржиме ритамот, во второто полувреме промашивме многу отворени шутеви, имавме 1/14 за тројка, а кога ќе играте така слабо офанзивно против Естонија, тоа е селекција со квалитетни играчи, што пред своите верни навивачи ќе знае да го искористи тоа“, изјави Јончевски по натпреварот.

Се вчитува...