Македонската кошаркарска репрезентација претрпе пораз од Израел на отварањето на претквалификацискиот турнир во Талин за Летните олимписки игри во Париз 2024 година.
Скок играта беше изразит проблем за „црвено-жолтите“, истата не дозволи отварање на македонската транзиција и воедно донесе лесни поени од втора шанса за Израелците. Токму за тоа по крајот на натпреварот говореше и селекторот Александар Јончевски.
„Повторно се провлекува скокот, како примарен проблем каде што Израел, само во првото полувреме постигна дури 16 поени од т.н. „втора шанса“. Немаме многу време да се навраќаме на овој натпревар. Веќе утре играме со домаќинот кој на денешниот меч со Чешка покажа дека е конкурент за следната фаза. Секако, не сме се откажале. Ќе ја гледаме нашата шанса да покажеме борбена игра која би можела да ни донесе позитивен исход.
Отсуството на голем број стандардни репрезентативци доведе во ротација уште во првата четвртина да влезат играчи кои за прв пат го носат дресот. Во понатамошниот дел од натпреварот, шанса добија сите, а се со цел да сочуваме сили за утрешниот натпревар со Естонија“, вели Јончевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА