Јончевски одбра 12 кошаркари: Без Хот и Петков против Естонија

Селекторот на кошаркарската репрезентација Александар Јончевски се одлучи со кои 12. кошаркари ќе ги стартува новиот циклус од евро-квалификациите против Естонија.

Од оние 14 кошаркари кои ги има на располагање, селекторот Јончевски се одлучи овој меч со Естонија да го „прескокнат“ довчерашните младински репрезентативци, а сега сениорски, Амар Хот и Марин Петков.

Секако, тие остануваат дел од тимот, и ќе конкурираат и за наредниот натпревар во овој февруарски ФИБА „прозорец“, односно дуелот со репрезентацијата на Полска, закажан за 26. февруари во Сосновиец.

Јука Тоијала, селекторот на Естонија, исто така донесе одлука со кои 12 кошаркари ќе игра вечерва во Скопје против нашиот најдобар тим.

Искусниот стручњак, кој е долги години на клупата на естонската репрезентација, се реши од играчите кои допатуваа во нашиот главен град, надвор од тимот да бидат Микел Кирвес и Лемет Буклер, еден од најмладите во противничката селекција.

Се вчитува...