Македонската кошаркарска репрезентација во ноемврискиот прозорец посветен на квалификациите за Евробаскетот 2025 година силите ќе си ги одмери со фаворизираната репрезентација на Литванија.
Првиот натпревар ќе биде одигран на домашен терен, во СРЦ „Кале“ на 21. ноември со почеток од 18 часот, а три дена подоцна избраниците на Александар Јончевски ги очекува и средба со истиот состав, но во Клаипеда.
За дуелите против Литванија, селекторот Јончевски повика искусен состав па така на поширокиот список се најдоа: Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски, Марин Петков.
Ќе биде интересно да видиме кој ќе биде конечниот тим на Македонија за престојните предизвици со оглед на тоа што едни од најдобрите кошаркари, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс во овој период имаат обврска и кон своите тимови Олимпија Милано и Париз кои се натпреваруваат во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА