Јончевски седна на клупата на Кожув

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Александар Јончевски, е изборот на раководството на Кожув за нов предводник на клубот од Гевгелија на местото на Павле Николов. Кожув најави амбициозен проект за сезонава, но не ги оправда очекувањата во првиот дел и моментно се наоѓа на седмата позиција на табелата, со идентичен скор како и тимот на Куманово (пет победи и пет порази). Јончевски во претходните месеци беше дел од стручниот штаб на Марин Докузовски во Работнички, но по разговорите со раководството на Кожув ја прифати понудата за да застане на чело на оваа екипа.

Се договорив со Кожув за соработка во следните 18 месеци. Сигурно ќе се обидеме да влеземе во Супер-лигата, но главна цел е да се постават здрави темели на клубот, за во наредната сезона многу посериозно да атакуваме на висок пласман. Му благодарам на тимот на Работнички за беспрекорната соработка во изминатиот период“ – изјави Јончевски за ЕКИПА.

Јончевски освои неколку трофеи како предводник на МЗТ Скопје, во меѓувреме беше тренер и во Србија на чело на Спартак Суботица, а овој стручњак воедно е и дел од стручниот штаб на селекторот Давитков во македонската кошаркарска репрезентација.

Се вчитува...