Јончевски седнува на клупата на полски великан

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски ќе добие нов интернационален ангажман, пренесуваат медиумите од Полска.

Како што пишуваат медиумите од оваа земја Јончевски во следните денови и официјално ќе биде претставен како нов тренер на Шлонс Вроцлав. Ова е најтрофејниот тим во полскиот шампионат кој досега има освоено 18 титули.

Во клубот Јончевски пристигнува на местото на Србинот Миодраг Рајковиќ.

„Миодраг Рајковиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Шлонск Вроцлав. Договорот е раскинат со взаемна согланост“, стои во соопштението.

Јончевски во кариерата покрај селекторската позиција во Македонија ги предводеше: МЗТ Скопје, Спартак Суботица, Кожуф и Башкими Призрен.

Се вчитува...