Јончевски славеше во мак-дербито во Полска

Македонскиот селектор Алек Јончевски продолжува со одличните резултати како предводник на Шљонск откако нашиот стратег славеше на денешниот меч со Арка со 87-82, искачувајќи се на четвртото место на табелата.

Јончевски за противник го имаше помошникот од националниот тим, Никола Василев, кој пред неколку месеци седна на клупата на Арка, по што селекторот излезе како победник од овој македонски тренерски дуел во полскиот шампионат.

Василев има за што да жали ако се знае дека неговиот тим на помалку од две минути до крајот имаше четири поени предност, но избраниицте на Јончевски направија целосен пресврт и стигнаа до победата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...