Македонскиот селектор Алек Јончевски неодамна потпиша договор со полскиот прволигаш Шлонск, а стартот на новата авантура на нашиот стратег е максимално позитивен.
Тој дебитираше со триумф на гостувањето против Черни Шлупск во полското првенство, а Јончевски се радуваше на триумф и на синоќешниот дуел од Лигата на Шампионите, на гостински терен против Шомбатели со 67-74. Шлонск успеа да се одлепи резултатски благодарение на одличната втора четвртина (12-23), по што избраниците на македонскиот селектор знаеја како да ја задржат предноста до самиот крај и да стигнат до заслужена победа.
Ова беше прв триумф на Шлонск во Лигата на Шампионите на ФИБА во петтата рунда од ова натпреварување, шансите за пласман во следната фаза се веќе загубени, но победата сигурно ќе биде добредојдена за кревање на самодовербата пред наредниот дуел од домашното првенство во кој Јончевски и неговите избраници повторно ќе гостуваат, овојпат на екипата на Спојнија Старгад која исто како и Шлонск има скор 4-5 по првите девет рунди од полскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА