Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Полска со 97-81 во првиот контролен натпревар против оваа земја која „црвено-жолтите“ ќе ги играат во Србија.
Селекторот Александар Јончевски по завршувањето на мечот вели дека во моментов физички се инфериорни за натпревари против квалитетни репрезентации каква што е Полска.
„Искрено да кажам ова е прв натпревар за нас имавме само неколку дена да се подготвиме за разлика од Полска која се подготвува за Светско првенство. Имаше добра енергија на дел од натпреварот бевме рамноправни, но имаше ситуации од кои се плашевме и тие се покажаа како хендикеп, а тоа е скокот покрај одиграна одбрана. Me радува тоа што има желба, иако во физички план бевме инфериорни. Се надевам дека желбата и мотивацијата ќе бидат пресудни за турнирот во Естонија“, изјави Јончевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА