Македонскиот ракометен репрезентативец Аце Јоноски и по истекот на договорот со Бергишер останува во Германија, како член на екипа од третата лига на оваа земја. Станува збор за Ратинген, клуб со кој Јоноски веќе ги договорил условите за соработка и со кого и официјално ќе потпише договор во следните денови.
Искусниот 36-годишен специјалист за дефанзива минатата сезона не успеа со Бергишер да обезбеди опстанок во елитното друштво, по што овој клуб направи „ремонт“ во играчкиот кадар. Јоноски во меѓувреме доби неколку понуди, од кои ја избра токму онаа на Ратинген како клуб каде би ги минал следните две сезони во кариерата.
Претходно, овој ракометар во Македонија ги бранеше боите на Пелистер, Вардар и Металург, а од интернационалната кариера има настапувано и за Силкеборг, Сент Гален, Босна, Ла Риоха…
Јоноски беше избришан од националниот тим од страна на екс-селекторот Червар, но дојде да помогне на последниот квалификациски дуел со Чешка. За очекување е Јоноски да биде во комбинација за настап и на претстојното ЕП што во јануари ќе се одржи во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА