Македонскиот репрезентативец Аце Јоновски настапува во германскиот третолигаш Ратинген, каде важи за голема ѕвезда откако настапуваше за нашиот национален тим на Европското Првенство во Хрватска.
Скромен и професионален како и секогаш, Јоновски со задоволство исполни и една невообичаена работна задача, држејќи час по ракомет на деца од второ одделение во училиштето „Ерик Кестнер“.
Во договор меѓу клубот и училиштето дел од ракометарите издвоија дел од слободно време за да ја пренесат својата љубов кон ракометот на децата, а Јоновски не го криеше задоволството што е дел од овој проект.
„Да се работи со овие деца ми причинуваше огромно задоволство. На прв поглед веднаш се забележува дека има четири-пет деца со талент за ракометот, би било убаво кога би се посветиле на овој спорт. Мене ми беше задоволство што сум дел од проектот на мојот клуб со цел да го приближиме до најмладите“ – изјави Јоновски за локалните медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА