Јорданчо Давитков, поранешен селектор на Македонија, е нов тренер на Гостивар, објави клубот. Практично, тој се враќа во клубот после 21 година, откако од 2000 до 2002 беше тренер на тогашен Никол Ферт.
Давитков тренерската кариера ја почна токму во Никол Ферт, а беше селектор на Македонија, па тренер на многу клубови во и надвор од Македонија.
60-годишниот Давитков ќе го замени на клупата Никола Димитриевски, кој досега го водеше тимот на Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА