Едвард Јорданеску повеќе не е селектор на романската фудбалска репрезентација откако се одлучи да ја прекине соработката со тамошната федерација пред крајот на договорот кој беше со важност до крајот на месец јули.
Јорданеску ја предводеше Романија со успешен настап на Европското првентво во Германија каде Ромаците изненадија и ја завршија групната фаза како првопласирани, но претрпеа пораз од подоцна полуфиналистот Холандија во првата нокаут-фаза.
Тренерот кој во минатото ги предводеше Стеауа, Васлуи, Фортуна Браца, Тарга Муреш, Пандурија, ЦСКА Софија, Астра, Клуж, Газ Метан и ФЦСБ ја превзема Романија во 2022 година и на 28 натпревари оствари учинок од десет победи, десет нерешени и осум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

