Јорк: Халанд во нашата генерација немаше да биде ниту стартер

Во 1999 година, Манчестер Јунајтед ја освои Премиерлигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а еден од клучните играчи на таа генерација беше Двајт Јорк. Овој напаѓач во Манчестер стигна од Астон Вила, а во таа сезона постигна 29 голови во сите натпреварувања.

Јорк смета дека Халанд не би можел да биде ниту стартер во тој тим од 1999 година, која ги освои сите три титули, особено во она незаборавно финале во Лигата на шампионите кога губеше до 90. минута од Баерн, и на крај со пресврт дојде до пехарот.

„Ако има некој од оваа генерација сега кој би можел да биде во стартните 11 на нашиот тим од 1999 година, тоа би бил само Кевин Де Брујне. Сепак, ова не значи дека имавме недостаток на квалитет кој го има Де Брујне, за тоа што на средината на теренот го имавме Сколс. Халанд е одличен играч, но ние имавме посебен начин на играње во нападот. Не е само да се постигне гол, туку и да се добие натпревар и да се освои тројната круна. Нема шанси Халанд да беше во нашиот тим ако го видите начинот на кој игравме. Зошто би се растурил танемот Кол – Јорк?“, рече Јорк.

Се вчитува...