Јоро: Не жалам што го избрав Јунајтед пред Реал Мадрид

Лени Јоро важеше за еден од најталентираните млади дефанзивци во светот на фудбалот, францускиот тинејџер имаше бројни понуди на маса, а во еден момент се чинеше речиси сигурно дека Реал Мадрид ќе биде неговата следна дестинација во кариерата.

Тој на крајот изненади многумина со одлуката да го одбие Реал и на крајот да потпише за Манчестер јунајтед во трансфер вреден 62 милиони евра, згора на тоа на самиот старт од дебитантската сезона заработи тешка повреда по која подолго паузираше од терените, а и по камбекот формата не му беше на задоволително ниво.

Без оглед на се, Јоро е убеден дека во летото 2024 го направил вистинскиот избор кога наместо да им се приклучи на „кралевите“, реши да се пресели на „Олд Трафорд“.

„Стојам зад својот избор, не згрешив што го избрав Манчестер пред Реал. Секако, не очекувавме да завршиме 15. на табелата минатата сезона, но и разочарувањата се составен дел од фудбалот. Имам тренер и соиграчи кои веруваат во мене, ми помагаат да напредувам на секој меч, тоа ми е најважно во моментов и верувам дека и резултатите ќе бидат уште подобри како што ќе минува сезоната“, истакна Јоро за весникот „Телеграф“.

Се вчитува...