Јоро официјално во дресот на Манчестер Јунајтед: „Ова е совршено место за мене…“ (ФОТО)

Еден од најталентираните тинејџери на стоперската позиција во Европа, Лени Јоро и официјално промовиран како нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ ја добија битката со Реал Мадрид и Ливерпул, кои исто така беа заинтересирани за услугите на 18-годишниот досегашен играч на Лил. Многумина беа изненадени од оваа одлука на Јоро за кого Јунајтед ќе му плати 62 милиони евра фиксно на Лил, а предвидени се бонуси со кои сумата би достгнала до 70 милиони евра. Реал Мадрид понуди само 30 милиони што за Лил беше неприфатливо.

„За мене е чест потписот за клуб како Манчестер Јунајтед толку рано во мојата кариера. Уште од првите разговори со клубот, тие поставија јасен план за тоа како можам да се развивам тука, а покажаа и многу грижа за мене и моето семејство. Знам за историјата на младите играчи во Манчестер Јунајтед и чувствувам дека тоа може да биде совршено место за да го достигнам мојот потенцијал и да ги постигнам моите амбиции, заедно со моите нови соиграчи. Едвај чекам да започнам“ – истакна Французинот на промоцијата во новиот дрес.

Со овој трансфер, Јунајтед веќе ја проби границата од 100 милиони евра за трансфери ова лето, а купи само двајца фудбалери. Пред Јоро, играч на „ѓаволите“ стана Џошуа Зиркзе од Болоња, а следни цели се Матијс де Лихт од Баерн и Мануел Угарте од ПСЖ.

Се вчитува...