Јоро успешно опериран го чека пауза од три месеци

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Лени Јоро, ќе биде надвор од терените во следните три месеци, соопштија од премиерлигашот.

18-годишниот играч имаше операција на ногата поради повредата што ја доби на пријателскиот натпревар со Арсенал минатата недела. На истиот натпревар, одигран во САД, повреда заработи и напаѓачот Расмус Хјолунд, кој ќе се опоравува шест недели.

Во јули, Манчестер Јунајтед го ангажираше Лени Јоро од францускиот Лил, кој потпиша петгодишен договор, но повторно тимот од „Олд трафорд“ се соочува со голем број повреди, нешто што беше главна одлика и минатата сезона.

Се вчитува...