Јошко Миленкоски: Формата е на посакуваното повисоко ниво, носиме силен мотив за надигрување со Украина

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија утре на гостински терен против Украина ги почнува своите натпревари во Европската златна лига.

Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен како минаа подготовките пред новите предизвици, нагласувајќи дека секој во тимот е подготвен да го даде максимумот за успешни настапи.

„Мислам дека сега сме на едно повисоко ниво во формата од самиот старт на подготовките, и тоа беше посакуваната цел во оваа фаза. Знаеме дека не чекаат тешки натпревари против силни противници, но подготвени за дуелот со Украина. Настапот во Златната лига ќе ни биде еден вид генерална подготовка за главниот настан, Европското првенство во Скопје во август и септември“ – вели Миленкоски пред дуелот со Украина кој ќе се игра во Полска.

Македонија, како што е познато, ќе ја организира една од групите на машкото европско првенство.

НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА ЗЛАТНА ЛИГА:
Украина – МАКЕДОНИЈА (27-ми мај)
МАКЕДОНИЈА – Белгија (31-ми мај)
МАКЕДОНИЈА – Хрватска (3-ти јуни)
Белгија – МАКЕДОНИЈА (10-ти јуни)
Хрватска – МАКЕДОНИЈА (14-ти јуни)
МАКЕДОНИЈА – Украина (18-ти јуни)

Се вчитува...