Одбојкарскиот клуб ПАОК го назначи македонскиот тренер Јошко Миленкоски за нов предводник. Практично Миленкоски останува во грчкиот шампионат откако минатата година го водеше Фоникас Сирос, и го освои Супер-Купот.
Миленкоски во февруари беше назначен за селектор на Црна Гора, но го напушти кормилото без ниту еден одигран меч.
Миленкоски истакна задоволство од соработката со ПАОК.
„Многу сум среќен што ќе го водам еден од најдобрите клубови во Грција, кој од година во година е се посилен. За мене е голема чест што ќе бидам дел од семејството ПАОК. Не очекува тешка и напорна сезона. Целта ни е да се бориме за сите титули, и јас ќе дадам се од себе тоа да се случи. Сакам мојот тим да игра одбојка која ќе ги израдува навивачите. Верувам дека со тимот кој ќе го изградиме, ќе ги исполниме целите“, изјави Миленкоски по назначувањето на кормилото на ПАОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА