Истакнатиот македонски одбојкарски тренер Јошко Миленковски, се договори за соработка со грчкиот клуб Финикас Сирос. Миленковски ќе го замени на клупата на овој тим Фулвио Бертини.
Во минатото Миленковски работеше во повеќе клубови од Турција, а тој веќе е во Сирос и го одржал првиот тренинг со играчите.
Миленковски беше и селектор на Македонија, а ги водеше Работнички, Нико Доага, Борец, селекцијата на Македонија, селекцијата на Турција, Мили Пијанго, Зиратбанк, Сфакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА