Екипата на Пелистер запиша триумф на гостувањето против Струга во дербито од 7. коло на Суперлигата.
Новиот стратег на „пелистерци“ Јошко Петковиќ ниже победи по преземањето на клупата на битолчани, сега славејќи во Струга со 23-27.
По израмнетото прво полувреме кое заврши 15-15, Пелистер заигра далеку поагресивно во одбраната во вториот дел што беше одлучувачко за конечната победа. Битолчани дозволија само 8 гола за Струга во второто полувреме.
Пелистер стигна, на тој начин, до петтата победа сезонава наспроти и два порази. Струга остана на претходните три победи.
Тинекс Пролет, пак, триумфираше со 31-37 на гостувањето против Радовиш по што дојде до четвртата победа сезона со која се проби на петтата позиција на табелата, зад Еурофарм, Бутел, Охрид и Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА