Убаво признание доби македонскиот интернационален судија Јосип Бартон со одредувањето да биде еден од делителите на правдата на престојното Европско футсал првенство кое од 30. јануари до 10. февруари ќе се одржува во Словенија.
Бартон треба да биде еден од судиите кои ќе ги судат натпреварите по групи на шампионатот, а дополнително ќе следат делегирањата за елиминациските натпревари потоа.
На Европското првенство ќе играат 12 репрезентации поделени во четири групи од по три селекции. Бранителите на титулата Шпанија се во Групата Д заедно со Франција и Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА