Управата на РК Пелистер им се заблагодари на соработката на уште двајца странски ракометари. Од битолскиот суперлигаш си заминуваат голманот Милош Рајичиќ и на десното крило Вук Петровиќ.
„Вук Перовиќ и Милош Рајичиќ веќе не се дел од Пелистер. Им посакувам се најдобро во нивните понатамошни кариери, им посакувам да најдат клубови каде што ќе можат да го дадат најдоброто од себе. Пелистер продолжува по својот пат. Потребни ни се неколку нови играчи, најмалку тројца, за во пролетниот дел да бидеме тим што на секој натпревар ќе биде тој, битолскиот Пелистер, екипа што во Македонија сите ќе ја респектираат“ – изјави тренерот на Пелистер Јошко Петковиќ
Со ова продолжува реконструкцијата во составот на Пелистер што ја најави Петковиќ дека во иднина битолскиот тим ќе биде ориентиран повеќе на домашни играчи со најмногу 1-2 странски засилувања. Претходно од битолскиот тим беа ослободени и Владимир Зејак и Моше Карамијан, а во меѓувреме од Еурофарм Работник во Пелистер се врати македонскиот репрезентативец, Стефан Дрогришки.
„Јас кога дојдов во Пелистер дојдов со јасна цел и со чисти намери. Не може ниту Пелистер, ниту Јошко Петковиќ да бидат петти-шестти во македонското превенство, ниту пак некој ќе си „билда“ гол разлика на нас. Вардар е надвор од оваа конкуренција, со со другите ќе се носиме рамноправно и нема никому да му дозволиме луксуз да смета на гол разлика со Пелистер. Сето тоа подразбира и промена во играчкиот кадар. Не знам како се склопувал претходно составот, но сега сите играчи мора да знаат дека играњето во Пелистер мора да го заслужат. Не чепкам по македонските, битолските играчи, но и тие мора да се свесни дека мора да се докажуваат на секој натпревар за да го носат дресот на Пелистер – нагласува Јошко Петковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА