Средниот бек на ГРК Охрид, Ловро Јотиќ успешно ја помина операцијата на предниот врсктен лигамент, повреда со која се здоби на натпреварот одигран во СРЦ Билјанини Извори од 5тото коло против екипата на ГРК Тиквеш.
За Јотиќ сега следува период на рехабилитација од неколку месеци, и се очекува да се врати некаде пред крајот на сезоната.
Во исто време, ГРК Охрид се реши да го раскине договорот со Предраг Вејин. Вејин не успеа целосно да се врати по повредата здобиена додека играше за Олимпијакос, па поради тоа клубот од Охрид предвреме ја раскина соработката со десниот бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

