Еуфоријата во таборот на „вардарци“ по синоќешната трилер-победа над Загреб веќе е стивната, а погледите се насочуваат кон утрешното финале против екипата на Веспрем. Јасно е, фаворитската улога ќе му припадне на унгарскиот гигант, но „вардарци“ сигурно нема предвреме да излезат со бело знаме на теренот во Задар.
„Знаеме се што треба да се знае за Веспрем, ќе решаваат ситни детали во играта. Клучно ќе биде да се одигра добра одбрана и голманите да бидат на ниво. Ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе видиме што можеме да сториме во ова финале“, истакна Јотиќ, кој го постигна последниот гол со кој избори пенал-рулет во синоќешното полуфинале.
Тренерот Стевче Алушовски му ја препушта фаворитската улога на противникот.
„Не се сомневам дека Веспрем е голем фаворит во пресрет на финалето, но ние ќе се подготвиме најдобро што можеме. Ќе направиме се што можеме за да го изненадиме унгарскиот тим“, изјави Алушовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА