Македонија и Луксембург се израмнети (1-1 во победи) во полуфиналната пресметка од плејофот во Третата Европска зона што се одржува во Созопол, Бугарија.
Томислав Јотовски е тенисерот што ја донесе посакуваната победа и ја остави Македонија во игра за големото финале откако овој македонски репрезентативец рутински славеше во дуелот со Кристоф Тол со 2-0 во сетови. Нашиот тенисер одлично го почна мечот и поведе со 3-0, па иако Тол намали на 3-2 следеше нов брејк на Јотовски и освојување на првиот сет со 6-2. Македонецот со брејк го почна и вториот сет, веднаш поведе со 2-0, по што рутински го приведе мечот до крај, триумфирајќи со конечни 6-2.
Со тоа, нашата репрезентација израмни на 1-1 откако во првиот дуел на овие две селекции Грабул беше поразен од Настаси со 4-6, 3-6. Така, решавачка за овој дуел ќе биде пресметката во дубл. Само за потсетување, пласманот во финалето во Созопол автомaтски значи и промоција во Втората Евро-африканска зона во која ќе се пласираат најдобрите две селекции што се натпреваруваат во Созопол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА