Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски се пласираше во 2. коло на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари кој се игра во Брчко, БиХ.
На стартот од турнирот Јотовски славеше против четвртиот носител Љубомир Челебиќ од Црна Гора. Противникот, всушност, го предаде мечот при 4-2 за македонскиот тенисер во првиот сет.
Во второто коло на турнирот се пласираше и Горазд Србљак откако славеше со 2-6,6-2,6-2 против Нерман Фатиќ од БиХ.
Елиминиран во првото коло е Стефан Мицов кој во два сета загуби од домашниот тенисер Дарко Бојановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА