Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски продолжува со одличните игри на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари во Анталија, Турција.
Јотовски се пласираше во четвртфиналето на турнирот во поединечна конкуренција откако во 2. коло славеше во три сета, со 4-6,6-4,6-3 против Италијанецот Давиде Галопини.
Претходно, на стартот од турнирот Јотовски го елиминираше и најдобриот турски тенисер Марсел Илхан победувајќи го убедливо со 6-1,6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА