Јован Качевски ќе суди во Хрватска, Игор Стојчевски во Австрија

На почетокот на новата фудбалска сезона во Европа шанса да се појават на меѓународната сцена добија и македонските млади интернационални судии Јован Качевски и Игор Стојчевски. Тие ќе судат на квалификационите турнири во елитните групи за настап на Европското првенство за фудбалери до 19 години. Победниците на  осумте групи ќе играат на европското првенство.

Јован Качевски од Струга ќе биде еден од главните судии во шестата група што се игра од 19 до 26 март во Вараждин, Хрватска.  Учесници се репрезентациите на Хрватска, Турција,Романија и Германија.Со Качевски ќе патува и помошниот судија Слаѓан Марковски.

Заедно со со својот помошник Маркоски, Качевски ќе ги суди натпреварите  Хрватска – Турција и Романија – Хрватска, додека Марковски ќе биде помошен судија на мечот Хрватска-Германија на кој главниот судија ќе биде од Казахстан.

Игор Стојчевски од Скопје ќе биде еден од главните судии со својот помошник Даниел Василевски во седмата група што во истиот термин се игра во австрискиот град Матерсбург.Во оваа група ќе настапат репрезентациите на Австрија, Словенија, Норвешка и Шпанија. Стојчевски заедно со Василевски ќе ги суди мечевите Словенија – Австрија и Норвешка – Словенија, додека Василевски ќе биде помошник и на средбата Австрија-Норвешка, на која главениот судија ќе биде од Италија.

Ќе биде ангажиран од страна на УЕФА и претседателот на Комисијата за безбедност и инегритет во ФФМ Роберт Марковиќ кој денес /14 март/ ќе се грижи за безбедноста на мечот од висок ризик меѓу израелската екипа Макаби Тел Авив и Олимпијакос што ќе се одигра во  Бачка Топола во Србија. Ова е реванш средбата од осминафиналето на Конференциската лига на Европа. Во првиот натпревар во Атина победи Макаби Тел Авив со 4:1.Поради воените судири меѓу Израел и Палестина, израелските клубови се домаќини во европските држави.

Марковиќ беше задолжен и за безбедноста на средбата од Конференциската лига меѓу Макаби Хаифа и белгискиот клуб Гент што се одигра на 15  февруари во Будимпешта.

M.M

Се вчитува...