Златан Ибрахимовиќ денеска го промовираше новиот директор за развој на спортот на Милан, Јован Кировски.
Кировски ќе биде одговорен за растот на академијата на клубот, и ќе има задача да наоѓа нови таленти за клубот од Милано.
„Ни требаше човек кој има исти амбиции и визии со нас, зборува на ист јазик како нас, и има исти идеи“, рече Ибрахимовиќ на промоцијата на Кировски.
Кировски има потекло од Македонија, а роден е во Калифорнија. Тој настапуваше за селекцијата на САД за која 62 пати го облече дресот на националниот тим. Во минатото беше дел од Борусија Дортмунд, Фортуна Келн, Спортинг Лисабон, Кристал Палас, Бирмингем, ЛА Галакси, Колодаро Рапидс и Сан Хозе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА