22-годишниот Јован Манев и дефинитивно е најубавото откритие за македонската сениорска селекција во септемврискиот квалификациски циклус.
Одлични два натпревари за новиот фудбалер на хрватски Осијек, кој сезоната ќе ја мине на позајмица од Адана Демирспор, заокружени и со погодок во победата против Малта.
„Чест ми е што сум дел од оваа селекција и може само да искажам честитики за соиграчите за овие два натпревари. Селекторот постави добра тактика, ние само го испочитувавме тоа и докажавме дека навистина вредиме и можеме да направиме големи нешта и во овие квалификации“ – вели Манев, по синоќешниот дуел со Малта и дополнува:
„Не застануваме тука, сега не чекаат обврски со клубовите па со нетрпение го очекуваме собирот и следниот месец, не чека натпревар со Украина и верувам дека ќе повториме позитивни резултати. Секогаш треба да се размислува само позитивно, и со такви мисли доаѓа успехот. Среќен сум што сите тука сме како едно, сега еден за друг, затоа што знаеме дека само како тим можеме до успеси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА