По ослободувањето на Висар Муслиу и повредата на Ѓоко Зајков, селекторот Благоја Милевски испрати дополнителен повик до членот на турската Адана Демирспор, Јован Манев за пријателскиот натпревар на Македонија против Фарските острови.
Манев уште денеска ќе се приклучи на националниот тим за тест дуелот во понеделник. Јован Манев, кој минатата сезона од Брегалница реализираше трансфер во Адана, претходно беше стандарден член на младата репрезентација на Македонија.
Македонија со Фарските острови ќе игра во понеделник (27. март) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА