Македонскиот репрезентативец Јован Манев својата кариера ја продолжува во редовите на Нови Пазар во српскиот шампионат.
Манев во Нови Пазар, кој со засилени амбиции стартуваше во новата сезона, пристигнува од Ријека.
Како што информираа од клубот, македонскиот дефанзивец во Нови Пазар доаѓа на едногодишна позајмица, со можност потоа договорот да биде откупен.
Манев претходно настапуваше и во Турција во Адана Демиспор, додека во Македонија беше дел од Брегалница и Осогово.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

