Македонскиот репрезентативен стопер Јован Манев, кариерата ќе ја продолжи во хрватски Осијек. Тимот го носи Манев од Адана Демирспор како позајмен до крајот на сезоната, со право на откуп. За откупната сума засега нема информации, но таа се движи од 1 до 1,5 милиони евра.
Манев ја почна одлично сезоната во Адана, а играше токму и против Осијек во Лигата на Конференции, во која турскиот тим мина понатаму меѓудругото благодарение и на Манев. Меѓутоа за да добие поголема минутажа, заминува во Хрватска, во надеж дека ќе ја има и дека ќе се наметнува како прва опција во овој тим.
Манев од Брегалница замина во Адана. Во последните неколку месеци е на списокот на Благоја Милевски за квалификациите за пласман на ЕП, но и натаму го чека првиот настап на официјален натпревар. Можеби сега ќе го има, со оглед дека А репрезентацијата има проблем со формата и со минутажата на одредени играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

