Јован Попзлатанов и Матеј Цветановски ја засилуваат Македонија Ѓорче Петров?

Македонија Ѓорче Петров по подолга апстенција повторно ќе биде дел од фудбалска Европа, а раководството на клубот се обидува да обезбеди квалитетни засилувања за настапот во квалификациите за Лигата на УЕФА. Блидку до преселба во таборот на „лавовите“ се двајцата фудбалери на Вардар, Јован Попзлатанов и Матеј Цветановски.

Тие во тандем играа во Пелистер, потоа се преселија во Вардар, а со оглед дека состојбата во најтрофејниот македонски фудбалски колектив е лоша, најавите се дека двајцата повторно ќе заминат во друг клуб, во Македонија ЃП. Доколку ова и официјално се реализира, Попзлатанов и Цветановски ќе бидат големи засилувања за тимот на Александар Таневски.

Македонија ЃП го освои петтото место на табелата во Првата лига минатата сезона, а доби можност за настап во квалификациите на Лигата на УЕФА поради тоа што на Вардар не му беше одобрена лиценца за учество на европска сцена.

 

Се вчитува...