Македонскиот второлигаш Локомотива денеска го именува Јован Трајков за нов шеф на стручниот штаб. Тој ќе го води тимот до крајот на сезоната и ќе се обиде со „локоси“ да обезбеди опстанок во второлигашката конкуренција. Трајков ќе биде наследникот на Никола Карчев кој си замина од клубот пред неколку кола.
„Ја прифатив поканата на раководството на клубот да седнам на клупата на Локомотива. Ќе се обидеме со напорна работа да го надоместиме загубеното и до крај ќе се бориме за опстанок. Верувам во квалитетите на тимот и се надевам на позитивни резултати во наредниот период“, вели Јован Трајков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА