Македонската репрезентативка Јована Мицевска бранеше одлично во првото полувреме од дуелот со Франција, а нашата голманка заслужено се најде и на Топ 5 листата со најдобри интервенции во вториот ден од ЕП 2022.
Од неколкуте одлични одбрани беше избрана онаа од 18. минута кога маестрално го запре налетот на Французинките.
Првото место го освои француската репрезентативка Дарло, за одбранетиот обид на Сара Ристовска при контранапад за Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА