Јована Петрушевска уште една година во Бадел

Во раководството на Бадел завршија огромна работа задржувајќи ја најдобрата кошаркарка од минатата сезона, откако денеска беше потпишан нов договор со Јована Петрушевска.

Таа минатото лето се врати во мак-кошарката откако настапуваше во Грција, Петрушевска беше клучен играч во таборот на Бадел, по што двете страни најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

„Јована Петрушевска – повторно во редовите на ЖКК Бадел 1862.🙌

Ни претставува огромна чест и задоволство да соопштиме дека ја продолжуваме соработката со Петрушевска втора година по ред.

Носител на играта, мотиватор за своите соиграчи и голем борец под кошевите, Јована и оваа сезона е во тимот на Баделки.💙💛

Добредојде повторно Јована и ти посакуваме успешна сезона“, објави КК Бадел.

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив воедно објави дека ја продолжува соработката со уште две кошаркарки, Љубица Бошкова и Марија Николов исто така потпишаа нови договори со скопскиот прволигаш.

Се вчитува...