Јованчев: Им честитам на момците, дадоа се од себе, утре не чека втората шанса за А дивизија

Селекторот на македонската кадетска селекција, Александар Јованчев нема замерка за своите избраници кои дадоа се од себе но не успеаја да се пласираат во финалето на ЕП Б-дивизија по поразот во полуфиналната средба од домаќинот БиХ.

„Одигравме рамноправно прво полувреме но потоа не стигна заморот и тоа придонесе во вториот дел за многу технички грешки и статичен напад. Им честитам на момците за пожртвуваната игра, знам дека дадоа се од себе“ – истакнува Јованчев.

Утре Македонија против селекцијата на Чешка ја очекува битката за 3. место кое не води во А дивизијата од европското натпреварување.

„Да, утре не чека втората шанса за пласман во елитната А дивизија која се надевам дека ќе ја искористиме“ – вели македонскиот селектор.

Се вчитува...