Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 16 години не го криеше задоволството од победата над фаворизираната Белгија од 80-68 во 2. коло на Европското првенство – Б дивизија.
Македонија во првата рунда натпревари одигра одличен меч, но загуби од Русија, за сега да стигне до првиот триумф на првенството со кој остануваме во игра за четвртфинале…
„Само потврдивме дека вчерашниот меч не беше случајност. Вчера немавме време за жалење, а денеска пак нема врема за многу радување затоа што не чекаат уште многу предизвици на овој турнир. Утре играме со Словачка, па мора да останеме смирени пред паузата која следи потоа. Им честитам на кошаркарите за триумфот над Белгија. Ги послушаа сите мои совети кога беше најпотребно па стигнавме сосема заслужено до победата“ – истакна Јованчев по денешниот триумф над Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА